Сара Џесика Паркер креираше венчаници

Сара Џесика Паркер креира колекција свадбени фустани и чевли за „неконвенционални“ невести. 53-годишната актерка и дизајнерка во 2014 година создаде сопствена линија чевли SJP, а овој пат создаде 10 различни фустани од кои идните невести ќе можат да избираат.

„Идејата ни е жените да можат да ги користат своите облеки не само за оваа специјална пригода. Без разлика дали сте невестата или сте гостин на свадбата, тоа е облека што сигурно ќе најде место во вашиот плакар“, рекла актерката во едно интервју.

Scroll to Top