Мики Маус го прослави својот 90. роденден. Сара Џесика Паркер беше дел од посетителите на изложбата во Њујорк, организирана во чест на популарниот анимиран лик на „Дизни“.
53-годишната ѕвезда од „Сексот и градот“ се појави во облека инспирирана од Мики Маус.
На главата носеше венче од колекцијата Disney X Gigi Burris. На изложбата Mickey: The True Original Exhibition беа претставени голем број дела од познати артисти.