Се бара изгубената гитара на Пол Макартни

Баварскиот производител на инструменти Карл Хофнер сака да ја најде украдената гитарата на музичарот Пол Макартни, еден од членовите на популарната британска поп и рок група „Битлси“.

Макартни ја купил бас гитарата во 1961 година во продавница во Хамбург. Леворакиот басист ќе ја изгуби по само две години.

„Гитарата најверојатно е украдена. Ја нема повеќе од 50 години. Сега дојде време да ја пронајдеме, изјави Ник Вас од фирмата „Хофнер“.

Scroll to Top