Се дрогирав и размислував за самоубиство, исповед на свршеникот на Меган Фокс

By

Поранешниот рапер Машин Ган Кели зборува за својата ментална борба во нов документарен филм. Но, и како неговата свршеница и актерка Меган Фокс влијаела на сето тоа.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот рапер во својот нов документарец зборува за најтешките животни периоди и за вознемирувачкиот телефонски разговор што го остварил со Меган Фокс набргу по смртта на татка си. Машин Ган Кели во новиот филм открива дека имал многу мрачен период по смртта на својот татко во 2020 година, па дури и размислувал за самоубиство. По тешкиот период во животот, поранешниот рапер, чие вистинско име е Колсон Бејкер, оваа година го издаде албумот Mainstream Sellout, кој стигна до првото место на музичката топ-листа на Билборд 200.

Во документарецот Машин објаснува дека по смртта на татко му во јули 2020 година, бил сосема сам, а Меган Фокс била во Бугарија на снимање филм. Тој имал параноични напади и мислел дека некој ќе дојде да го убие, па и затоа често спиел со пиштол до својот кревет.

Тој раскажува дека со помош на Меган успеал да се излекува од зависноста од дрогата и да живее нормален живот.

Ќе ви се допадне