Кантри пејачката Миранда Ламберт, поранешна сопруга на Блејк Шелтон, се омажи вторпат. Нејзиниот маж, Брендан Меклогин е полицаец кој некогаш работел како фотомодел, но не е јавна личност.
До свадбата јавноста и не знаеше дека пејачката е во врска, па нејзината објава дека се омажила ги изненади фановите.
По разводот со Миранда, пак, Блејк почна врска со пејачката Гвен Стефани.