Шарлин Спитери, пејачката на шкотската група „Тексас“, се омажи вчера по 11 години врска со познатиот готвач Брин Вилијамс. Свадбата се одржа во Велс, а 50-годишната пејачка носеше фустан од познатата дизајнерка Стела Макартни. Фустанот од тантела со долги ракави и „опашка“ од тул во задниот делја следеше линијата на телото. Нејзиниот сопруг носеше црн триделен костум.
Пејачката, која ќе одржи концерт во Скопје, лани во февруари преку социјалните мрежи се пофали дека Брин ја побарал за жена.
„По само десет години, тој всушност ме побара за жена. Му требаше навистина долго време. Мислев дека доживува срцев удар, не знам што го натера на тој чекор“, напиша тогаш пејачката.
Концертот на „Тексас“ ќе одржи на 28 септември во спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје, а во организација на „Авалон“. Предгрупа на концертот ќе биде гостиварскиот бенд „Ареа“.