Се омажи посвоената ќерка на Еминем, Алаина Мари Скот

Посвоената ќерка на Еминем, Алаина Мари Скот се омажи за својот партнер Мет Молер во Мичиген, 18 месеци откако ја објавија нивната свршувачка. Невестата (30) се одлучи за фустан сирена и долг превез. Таа сподели галерија од фотографии од нејзиата свадба на Инстаграм. Деверуша на Алаина и беше нејзината сестра Хејли Џејд. 

Алаина напиша: „9 јуни 2023 година едноставно еден од најдобрите денови во мојот живот, во овој живот и во следниот, мојата душа секогаш ќе ја најде твојата“.

Алаина ја објави свршувачката со своето момче Мет во декември 2021 година, откако сподели фотографија од запросувањето на покривот во клубот Монарх во Детроит

Scroll to Top