Се ожени Фабрегас, фудбалерот на Челси

Фудбалерот на „Челси“, Цеск Фабрегас, минатиот викенд се ожени со мајката на трите негови деца, Даниела Симан. Свадбата се одржа во Лондон.

Симан е 12 години постара од поранешниот фудбалер на „Барселона“ и „Арсенал“. Двојката е заедно од 2011 година. На церемонијата покрај двојката беа и нивните деца, ќеркиките Лиа (3) и Капри (5) и синот Леонардо (1), како и
двете деца од претходниот брак на Симан, Марија и Џозеф.

„Само што се омажив за овој згоден човек кого го обожавам“, напиша Симан на Инстаграм.

 

Scroll to Top