Се ожени поранешниот сопруг на Меган Маркл

Поранешниот сопруг на Меган Маркл, Тревор Енгелсон, се ожени со милијардерката Трејси Курланд, пишува Page Six. Двојката се венчале во саботата во Калифорнија, а гостите ги служеле со хамбургери, помфрит, салати и остриги.

Тревор и Трејси се венчаа година дена по кралската свадба на принцот Хари и Меган и шест дена по добивањето на нивното дете принцот Арчи. Тревор изјавил дека бил скршен во моментите кога Меган го оставила. Открил дека војвотката му го вратила венчалниот прстен во плико преку пошта.

Иако биле во врска седум години и уште две во брак, двајцата на крајот решиле да се разделат, поради како што изјавиле ненадминливите меѓусебни разлики. Вистинската причина за нивната разделба никогаш не беше објавена во јавност, а дури ни нивните блиски пријатели велат дека не знаат зошто Меган и Тревор се разделија.

Уште тогаш нивните блиски пријатели изјавиле дека биле изненадени од ваквата нивна одлука. Секогаш ги гледале како идеална брачна двојка.

„Тревор тогаш продолжи со нутриционистката Трејси Курланд, а Меган едноставно собра храброст да продолжи со животот“, изјавила блиска пријателка на војвотката од Сасекс.

 

 

 

Scroll to Top