Синот на Хју Хефнер, Купер Хефнер, се ожени со својата вереница Скарлет Бајрон. Синот на основачот на „Плејбој“ веќе подолго време е во врска со ѕвездата од филмското остварување „Хари Потер“. Двајцата се верија пред четири години, а за венчавката планираат голема церемонија со многу гости.
„Купер и јас сме возбудени што конечно и легално се венчавме“, напиша Скарлет, која ја глумеше Пенси Паркинстон во неколку продолжениja на филмот за малиот волшебник.
Скарлет е една година постара од Бајрон, а за страниците на „Плејбој“ таа позираше во 2017 година.
„Те сакам. Горда сум што сум покрај тебе, како твоја партнерка, пријателка и жена. Не можам да дочекам да продолжиме да го градиме животот заедно. Срцето ми е полно и благодарна сум за нашата љубов“, напишала Скарлет.
Купер е едно од четворицата деца на покојниот Хју Хефнер. За татко му почнал да работи додека студирал, а подоцна станал шеф на „Плејбој“. Оваа позиција ја напушти во април за да почне со сопстен медиумски бренд.