Се породи Линдзи Лохан, синот се вика Луаи

Познатата актерка Линдзи Лохан се породи со своето прво дете. Таа и нејзиниот сопруг Бадер Шамас добија син, кого го нарекоа Луаи, изјави претставникот на актерката за „Пејџ сикс“.

Според информациите, бебето е родено во Дубаи, каде што живее парот, иако точниот датум на раѓањето на бебето не е објавен.

Луаи, инаку, е арапско име што значи „штит“ или „заштитник“.

Scroll to Top