Се породи Пипа Мидлтон, сестрата на Кејт третпат стана мајка

Пипа Мидлтон и нејзиниот сопруг Џејмс Метјус станаа родители по третпат. По синот Артур и ќерката Грејс, тие добија уште едно девојче. Пипа подолг период се обидувала да ја скрие својата бременост од медиумите се додека не била фотографирана со трудниучки стомак во поодмината бременост, пренесува Пипл.

Светските папараци ја фотографираа Мидлтон за време на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета минатиот месец кога таа беше во друштво на нејзиниот сопруг и братот Џејмс Мидлтон.

Пипа и нејзиното семејство наводно планираат да се преселат во село во близина на Баклбери, Беркшир.

Пипа пораснала на тоа место заедно со нејзините браќа и сестра, а нивните родители сè уште живеат тука. Исто така, на овој начин таа ќе биде во близина на нејзината сестра Војвотката Кејт. Тие ќе бидат оддалечени околу еден час од Виндзор, каде што Кејт, Вилијам и нивните три деца ќе живеат од ова лето.

Scroll to Top