Се породи Рејчел Мек Адамс

Актерката Рејчел Мек Адамс стана мајка. 39-годишната ѕвездата на филмот „Бележникот“ го родила својот прв син. Американските медуми пишуваат дека не се знае точно кога се породила актерката и дека до пред речиси два месеца јавноста не знаела за нејзината бременост. Иако ни таа ни нејзиното момче Џејми Линден не потврдиле дека станале родители, папараците ги фотографирале додека биле на прошетка со бебето.

Рејчел и сценаристот Џејми Линден се во врска две години. Таа претходно беше во љубов со актерот Рајан Гослинг со кого глумеше во „Бележникот“, а потоа и со актерот Мајкл Шин.

Scroll to Top