Се продава автомобилот на Фреди Меркјури, парите ќе бидат за помош на Украина

Се продава автомобилот на пејачот Фреди Меркјури од групата „Квин“ од марката „ролс ројс силвер“ од 1974 година, во првобитна состојба со сребрена надворешност и сина внатрешност.

Меркјури никогаш не го возел својот автомобил бидејќи немал возачка дозвола. Но, автомобилот бил во употреба и го управувал личниот возач на пејачот.

По смртта на Фреди, автомобилот го купила неговата компанија Goose Productions Ltd., а во неговото одржување учествувала поранешната партнерка на пејачот Мери Остин. Менаџерот на Квин, Џим Бич, потврди дека автомобилот е на Меркјури. Извесно време го користела сестрата на пејачот, додека сегашниот сопственик не го купил од неа. Сите пари од продажбата на автомобилот ќе бидат наменети за хуманитарни цели за помош на Украина.

Пејачот на групата „Квин“, Фреди Меркјури, почина во 1991 година.

Scroll to Top