Се продава луксузниот стан во кој живеела Кејт Мидлтон пред да се омажи

Станот во населбата Челси во Лондон, во кој живееле Кејт и Пипа Мидлтон се продава за околу 1,9 милион фунти. Овој луксузен стан на три ката е во близина на централен Лондон, каде што живеат ѕвезди меѓу кои и актерот Хју Грант, милијардетрот Роман Абрамович и други.

Станот има три спални соби а две од нив се со сопствени бањи, дневна соба и трпезарија во еден комбиниран простор и мала кујна. Семејството Мидлтон го купило станот во 2002 година за 780.000 фунти. Во него краток период живеел и Вилијам додека студирале со Кејт.

Scroll to Top