Се продава „мерцедесот“ на Ники Лауда

Автомобилот „мерцедес 190 E 2.3-16“ што го возеше Ф1 возачот Ники Лауда на Трката на шампиони во Нурбургринг во 1984 година ќе се продава на аукција.  Се очекува „мерцедесот“ да биде продаден по цена помеѓу 140 и 230 илјади евра.

Далечната 1984 година се одржале бројни промотивни настани во Нирбургринг со цел да се прослави отворањето на новата патека во Германија. Компанијата Mercedes-Benz го искористила тоа за да го промовира својот нов автомобил. На трката освен Лауда учествувале уште неколку легендарни возачи, меѓу кои Аиртон Сена и Ален Прост.

Сена и Лауда

Автомобилите биле во фабричка состојба со минимални подготовки за трка. Аиртон Сена го освоил првото место, а втор бил Ники Лауда. Автомобилот понуден на аукција и понатаму ги носи обележјата од првата трка и името на австрискиот возач.

Scroll to Top