Аукциската куќа „Џулиен“ ќе ги продава свилените пижами и црвената наметка на Хју Хефнер, кои беа заштитен знак на основачот на „Плејбој“. Аукцијата ќе се одржи на 30 ноември и на 1 декември во Лос Анџелес. Освен пижамите и пењоарот на Хју, на аукцијата ќе се продава и белата морнарска капа на Хефнер, играта „Монопол“ со модели на плејбој-зајачици, манжетни со логото на „Плејбој“ и неговата Библија. Од аукциската куќа очекуваат црните пижами да се продадат за 2 000 долари, а палтото да се продаде за 5 000 долари.
На продажба ќе биде ставено и едно од неговите лулиња (се очекува да се продаде за сума до 3 000 долари), личниот примерок од првото издание на „Плејбој“ со Мерилин Монро на насловната страница (за кое се очекуваат 3 до 5 000 долари) и комплет од 48 изданија на списанието.
Хју Хефнер почина лани на 91 година. Тој го остави своето наследство на неговата фондација, а фондацијата, пак, ги стави неговите лични предмети на продажба.