Италијанскиот пејач Ерос Рамацоти се разведе со 26 годиини помладата манекенка Марика Пелегрини. Тие се разведоа по пет години брак и 10 години љубовна врска. Тие и официјално го потврдија разводот.
„Зад себе имаме одлични 10 години, заедно создадовме прекрасно семејство и бевме бесконечно среќни. Нашиот однос останува пријателски, а љубовта што јаделивме е тука и понатаму. Имаме голема почит еден кон друг и ја молиме јавноста да ги почитува нашата приватност и приватноста на нашите деца во овој стресен период за целото семејство“ – е наведено во заедничкото соопштение, пренесува италијанскиот портал „Анса“.
Инаку, Ерос и Марика почнаа да се забавуваат во 2009 година, а се зедоа пет години подоцна. Имаат две деца, Рафаел Марија (8) и Габри Тулиј (4). Ерос има концерт на 30 септември во Скопје, кога ќе има концерт кој го организира „Авалон продукција“.