Се разведува актерката Џина Дејвис

Американската актерка Џина Дејвис се разведува од својот сопруг, неврологот Реза Џарахи. Двојката, според порталот „TMZ”, не живее заедно од ноември минатата година. На 62-годишната актерка ова ѝ е четврти развод. Со Реза има три деца, 14-годишните близнаци Каис и Киан и 16-годишната ќерка Ализе. Реза во документите кои ги предал на судот побарал заедничко старателство над децата.

Џина и нејзиниот 15 години помлад сопруг се запознале на забава кон крајот на 1990те, а се венчале во 2001 година. Дејвис првпат се омажи во 1982 година за сопственикот на луксузни ресторани, Ричард Емола. Пет години подоцна се омажи за актерот Џеф Голдблум, а се разведоа во 1990 година. Третиот брак беше со продуцентот Рени Харлин. Од него се разведе 1998 година.

Scroll to Top