Се разведува Аријана Гранде по две години брак

Пејачката Аријана Гранде присуствуваше на финалето на тенискиот меч меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз на Вимблдон.

Таа беше придружувана од актерите Џонатан Бејли и Ендру Гарфилд, но со неа не беше нејзиниот сопруг Далтон Гомез.

Покрај тоа, пејачката не носеше ниту бурма, што дополнително ги подгреа шпекулациите дека парот наводно се разведува.

Имено, како што пишува ТМЗ, добро упатен извор тврди дека Аријана и Далтон не живеат заедно од јануари, а се започнало на крајот на декември кога Аријана почнала да го снима филмот Wicked, поради што таа и нејзиниот сопругот беа разделени со километри.

Тие наводно не успеале да го спасат бракот и решиле да останат блиски пријатели, но се уште официјално не се огласиле, а Аријана му ја честитала втората годишнина од бракот на Далтон со јавна романтична објава во мај.

„Тие двајца заедно донесоа одлука. Проблемите започнаа пред јануари, но тие решија да останат најдобри пријатели. Тие беа навистина добри пријатели низ целиот овој процес и нивните пријатели и семејства се обидуваат да ги заштитат“, изјавил извор за „Пејџ сикс“.

Двојката се уште не дала официјална изјава за ова прашање, па се уште не е јасно дали се работи само за шпекулации или има вистина во приказните за нивниот развод. Многумина изјавија и дека на Вимблдон пејачката била премногу блиска со Џонатан Бејли и дека меѓу нив се чини дека има нешто повеќе од пријателство, а нејзиниот сопруг оттогаш ги избришал неговите профили на социјалните мрежи.

Scroll to Top