Се разведува Катерина Скорсоне од „Вовед во анатомија“

Глумицата Катерина Скорсоне, која се прослави со улогата во серијата „Вовед во анатомија“, поднесе барање за развод. Таа 10 години беше во брак со музичарот Роб Гилс. Двојката има три деца – ќерките Елиза (7) и Пипа (3) и сонот Арвен, кој се роди лани во декември.

38-годишната глумица вчера го поднела барањето за развод во судот во Лос Анџелес. Таа и нејзиниот сопруг се разделени веќе неколку месеци.

„Катерина и Роб не се веќе заедно. Ќе останат пријатели и решени се заедно да ги воспитуваат своите деца со многу љубов“, стои во соопштението што нивните претставици го испратија до медиумите.

 

Scroll to Top