Се разведуваат Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс !

Иако Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли се еден од најпопуларните холивудски парови, медиумите во последните неколку недели пишуваат за тоа дека нивниот брак е во криза, а се зборува и дека тие набрзо ќе се разведат.

Рајан, кој е познат по шегите на своја сметка но и на сметка на неговата сопруга, одлучил да одговори на гласините во негов препознатлив стил: “Камо среќа. Добро би ми дошло малку време за себеси”, напишал актерот на својот Твитер профил.

Парот е познат по тоа што постојано се шегуваат меѓу себе на социјалните мрежи, па така за минатиот роденден, Рејнолдс објавил честитка по повод роденденот на Блејк на Инстаграм, на која ја исекол актерката од фотографијата.

Лајвли му одговорила со подеднакво смешна фотографија за неговиот роденден, објавувајќи го само Рајан Гослинг со натпис “Среќен роденден, драг мој”.

Scroll to Top