Се разведуваат Џена и Ченинг Тејтум

Актерите Џена Деван Тејтум и Ченинг Тејтум се разведуваат по девет години брак. Тие веста на своите фанови и следбеници им ја соопштија преку социјалните мрежи со заедничко соопштение.

„По девет години брак одлучивме да се разделиме. Тоа го правиме со љубов, ништо не се промени и понатаму ќе се сакаме и ќе бидеме најдобри родители на нашата Еверли. Овој брак беше прекрасно патување, но сега на патувањето му дојде крај“, стои во заедничкото писмо на двојката.

Само неколку часа пред да објават дека се разделуваат, папараците ја сликале Џена во Лос Анџелес како оди на час по јога. Таа ја носела бурмата на рака.

Џена и Ченинг се запознаа 2006 година на снимањето на филмот Step Up, а три години подоцна се венчаа. Ја имаат 5-годишната ќерка Еверли. Многумина го сметаа нивниот брак за еден од најсреќните и најстабилните во Холивуд.

 

Scroll to Top