Се разведуваат Канје и Ким

Според светските таблоиди, Ким Кардашијан и Канје Вест се пред развод. Тие пишуваат дека Ким веќе не може да излезе на крај со „сопругот од пеколот“ кој се однесувал како малечко дете, но има и зависност од таблети без кои не може да функционира.Се смета дека нивниот развод ќе чини неколку милијарди долари, оти и двајцата имаат огромен импот, но и заработија многу откако се во брак.

„Животот на Ким со Канје е тежок. И Ким ја допре границата. Тој не ѝ помага околу децата, има изливи на бес, зависник е од таблети… Откако се роди Чикаго, неговото однесување е сè полошо и полошо. Ким смета дека животот без него би ѝ бил полесен“, изјавил близок на Ким за „Ас викли“.

Ким и Канје имаат три деца, Чикаго Вест, Сеинт Вест и Норт Вест.

Scroll to Top