Се самоуби синот на оскаровката Реџина Кинг

Се самоуби Ијан Александер Јуниор, синот на оскаровката Реџина Кинг. Тој се самоубил три дена откако го прослави 26 роденден, потврди Holivud reporter.

„Семејството е уништено по губењето на Ијан. Беше сјајно светло кое допираше до среќата на другите. Нашето семејство моли за почит во овие тешки времиња“, рече Кинг.

Засега причината за смртта не е наведена, а според пишувањето на магазинот People станува збор за самоубиство. За потсетување, Реџина го доби Ијан со нејзиниот поранешен сопруг, продуцентот Ијан Александер постариот.

Двајцата беа многу блиски, а тој често ја следеше и беше нејзина придружба на голем број настани. „Таа е едноставно Супермен“, рече Ијан во една од неговите изјави кога го прашаа за односот со мајка му.

„Никогаш не дозволува лошите работи од работниот ден да се одразат на времето кое го минуваме заедно. Навистина е неверојатно што имам ваква мајка. Уживам да бидам со неа“, рече тој.

Scroll to Top