Се скараа Дуа Липа и Рита Ора

Албанските пејачки Дуа Липа и Рита Ора веќе не разговараат, пишуваат британските медиуми. Двете девојки, што оделе заедно во училиште во Лондон се скарале, но засега не ја откриваат причината. Дека не се во добри односи покажа и тоа што се избегнуваа на „Мет гала“ во Њујорк пред два дена.

„Тоа е штета, знаејќи колку тие две беа блиски и дека Дуа постојано раскажуваше колку ѝ се восхитува на Рита“, рекол нивни заеднички пријател за „Сан“.

Според неофицијални гласини, девојките не разговараат затоа што Липа во моментов е малку поуспешна од својата колешка, па Ора се налутила прва.

 

Scroll to Top