Се снима филм за шефот на мафијата, се враќаат „Сопранови“

Креаторот на култната серија „Сопранови“ Дејвид Чејс, најави дека сега ќе се снима филм за омиленото мафијашко семејство од Њу Џерси. Вели дека Сопранови се враќаат во голем стил, но овој пат на филмското платно.

Чејс го напишал целосно сценариото и сега се прават подготовки за снимањето. Овој пат во филмот младиот италијански шеф Тони Сопрано, ќе го игра Мајкл Гандолфини, синот на покојниот легендарен Џејмс Гандолфини, кој се прослави во улогата на овој мафијаш.

Снимањето на филмот The Many Saints of Newark го опфаќа периодот на немири кои избиле во Њу Џерзи во шеесетите години од минатиот век и во него ќе се појави таткото на Тони Сопрано, Џовани Џони Бој, младата Ливија и Џуниор вујкото на Тони. Приказната го следи Дики Молтисанти, менторот на младиот Тони, додека неговиот роден татко, Џони Бој, се подготвува да стане истакнат припадник на мафијашкиот клан.

Ликот на Тони, симпатичниот анихерој, кого го одбележа Џејмс Гандолфини, ќе го игра неговиот наследник Мајкл, поради неверојатната сличност со неговиот татко. Иако се шпекулирало дека улогата ја добил преку врски, странските медиуми пишуваат дека на Мајкл не му било нималку лесно да ја добие оваа улога, затоа што продуцентите организирале обемна аудиција во потрага за младиот Тони. Извори блиски до продукцијата тврдат дека немало никакви протекции, а не било пресудно ни фактот што Мајкл личи на неговиот татко.

„Мајкл мајсторск ја извежбал гестикулацијата на Тони и никој подобро од него не може да го разбере ликот“, велат добро упатени извори.

„Гандолфини помладиот искуството го стекнал во серијата „Хроники на Тајмс сквер“, а во филмот ќе глуми со Вера Фармига, Алесандро Нивола, Џон Бернхтал, Били Магнусен и Кори Стол. Голема чест е тоа што ќе го продолжам со проповедањето на мојот татко со тоа што ќе го глумам ликот на младиот Тони Сопрано“, изјавил Мајкл Гандолфини во изјава за американските медиуми.

Серијата „Сопранови“ неодамна прослави 20 години од премиерата. Многумина ја сметаат за најдобра серија во историјата на американската телевизија. Се прикажувала од 1999 година до 2007 година. Има освоено „Еми награда“, пет статуетки на „Златен глобус“ и наградата „Пибоди“.

Џејмс Гандолфини, кој се прослави во улогата на Тони Сопрано, почина во 2013 година. Славниот актер престојуваше на Сицилија, каде доживеа силен срцев удар.

 

 

 

Scroll to Top