Џастин Тимберлејк за првпат прозборе за неверството со неговата колешка глумицата Алиша Вејнврајт. Двајцата пред неколку недели биле видени заедно во ресторан во Њу Орлеанс на пауза додека го снимале нивниот нов филм. Медиумите ги објавија фотографиите на кои тие се држат за рака.
„Чувствувам потреба да одговорам на неодамнешните шпекулации кои ги повредија луѓето кои ги сакам. Пред неколку недели направив неопростлива грешка. Но, нека биде јасно, ништо не се случи меѓу мене и мојата колешка. Испив повеќе од вообичаено и се каам поради моето однесување. Требаше да знам подобро. Ова не е пример кој сакам да му го пренесам на мојот син. Се извинувам на мојата сопруга и семејство за срамната ситуација. Отсега ќе бидам фокусиран да бидам најдобриот маж и татко“, напишал Тимберлејк на „Инстаграм“.
Тимберлејк е седум години во брак со глумицата Џесика Бел и го имаат синот Сајлас Рендал.
View this post on Instagram