Се венча модниот дизајнер Марк Џејкобс

Модниот дизајнер Марк Џејкобс се венча со 18 години помладиот Чарли Дефранческо на церемонија во Њујорк. На свадбата присуствуваа ѕвезди на модата и забавната индустрија, пишува „Сандеј мирор“. По церемонијата, младенците направија забава во ресторанот „Грил“ во Менхетен, а меѓу гостите беа и Џиџи и Бела Хадид, Кејт Мос, Наоми Кемпбел, Емили Ратајковски, Каја Гербер, Рита Ора, Меја, Лил Ким и уредничката на магазинот „Вог“, Ана Винтур.

55-годишниот Џејкобс и поранешниот модел беа во врска од 2015 година, а се верија лани. Богатството на Џејкобс се проценува на преку 100 милиони долари. Според американските медиуми, тој и Дефранческо потпишале предбрачен договор, со кој, во случај на развод, поранешниот модел ќе добие само мала сума пари.

Scroll to Top