Се вери актерката Леа Мишел

31-годишната актерка Леа Мишел, преку „Инстаграм“ се пофали дека ќе се мажи. Таа објави фотографија од вереничкиот прстен  со 4-каратен дијамант кој го добила од бизнисменот Зенди Рејч. Леа и Зенди се во врска од минатото лето.

Мишел публиката најмногу ја памети по улогата во хит-серијата „Гли“. Но, Леа ја знаат и по трагичната судбина, кога нејзиното момче, актерот Кори Монтеит, со кого глумеше заедно во „Гли“ се самоуби.

Леа и Зенди
Scroll to Top