Се запали авионот на Меланија Трамп

Авионот на првата дама на Америка, Меланија Трамп, бил принуден да се врати во базата во Мериленд откако се појавил дим во кабината.

На новинарите, кои добиле мокри крпи за да ги прекријат лицата, им било соопштено дека е во прашање механички проблем.

Според наводите на новинарите, во кабината се појавил бел дим и изгледало како нешто да гори, додека мирисот станувал сè посилен.

Авионот се вратил во здружената база „Ендрјус“ и безбедно слетал во 9:05 часот утрото. Портпаролката на првата дама не била достапна за коментар.

Scroll to Top