„Сексот со Георгина е подобар од головите за Јувентус“, открива Роналдо

Кристијано Роналдо во емотивното интервју со водителот на емисијата Good Morning Britain, се отвори пред навивачите за неговиот приватен живот, говорејќи дека сексот со партнерката Георгина, му е поубав од головите кои ги дава на терените.

„Головите во Јувентус ми се омилени, но не се подобри од сексот. Барем не со мојата Георгина“, изјавил Роналдо.

Португалецот во продожение во интервјуто изјави и дека не ѝ дозволува на мајка му да ги гледа важните мечеви.

„На мајка ми не ѝ дозволуваме да ги гледа важните мечеви. Двапати се онесвести на стадионот. Останав без татко, па сега не сакам да останам и без мајка. И реков дека повеќе нема да ѝ дозволам да ги гледа полуфиналињата и финалињата. Многу е нервозна“, изјавил Роналдо.

Во едно од поемотивните интервју во неговата кариера, фудбалерот изјави дека е силно врзан со неговата мајка Долорес. Роналдо изјавил деа таа имала голема улога во неговиот живот и дека имало период кога му ги бирала партнерките.

Таа му дала благослов и со Георгина вели дека има одличен однос. Мајката на Роналдо се бори со ракот на дојката. Болеста ја победи еднаш во 2007 година, но истата повторно се вратила на почетокот на оваа година.

Напаѓачот на Јувентус откри дека кариерата можела да му отиде во сосема поинаков правец. Тој бил на граница да потпише договор со Арсенал во 2003 година, но наместо кај „топџиите“, Роналдо потпишал за Манчестер Јунајтед.

„Бев на чекор да заминам во Арсенал. Станува збор за неверојатен клуб. На крајот ништо не бидна од тој трансфер, но ценам сè што направија за мене, особено Арсен Венгер.

 

 

Scroll to Top