Мишел Хунцикер, поранешната сопруга на италијанскиот пејач Ерос Рамацоти, проговори за тешкиот период кој го доживеала во своите дваесетти години, пишуваат странските медиуми. Мишел раскажала како често била сама дома поради турнеите на Ерос, па се одлучила во период на осаменост да влезе во сектата „Воини на светлината“.
Италијанско-швајцарската убавица беше најголемата љубов на Ерос, но ниту тоа не помогна да се извлече од озлогласениот култ „Воини на светлината“ и да го спаси нивниот брак.
Инаку, пејачот е еден од најпознатите Италијанци во светот, Мишел беше неговата најголема љубов, но нивниот брак не успеа.
Мишел и Ерос се венчаа во 1998 година, а потоа се разведоа по 11 години брак. Тие денес ја имаат 25-годишната ќерка Аурора, а бракот не можеше да го спаси ниту големата љубов ниту семејството. Мишел беше виновна за пропаѓањето на брачната идила и нејзината опседнатост со сектата „Воини на светлината“, која ја заведе и ја убеди дека е најдобро за неа да ги остави сите луѓе важни за неа и да започне нов, религиозен живот.
Сектата и го уништила приватниот живот и ја одвоила од семејството и пријателите. Четири години не разговарала со мајка си, а го изгубила и сопругот. Мишел морала да ги следи строгите правила на сектата, па со години не се впуштала во сексуални односи, кои финансиски ја искористиле и ѝ земале многу пари.
„Приказната звучи неверојатно: Исус Христос имал сестра, која се заљубила во римски војник, го изневерила својот брат и отишла со војникот во Рим. Но Римјаните не сакале ниту да слушнат за неа, па таа живеела во беда и сиромаштија.Тоа беше казна за предавство.Таа сестра бев јас. Верував дека јас сум таа сестра во минатиот живот и дека таа вина ја носам на моите плеќи“, изјавила Мишел.
Во интервју за германски „Штерн“ Мишел изјавила дека сектата ја уверувала дека во минатиот живот била сопруга на маж и дека не ги спречувала неговите злосторства. Покрај тоа, таа станала веган бидејќи и рекле дека многу јадења се направени од демонски состојки, па морала да се држи настрана од нормалната исхрана. Мишел открила дека потпаѓала под влијание на сектата во моменти кога чувствувала дека бракот со Ерос и пропаѓа поради честата разделба. Затоа побарала помош од терапевтот со кој се спријателила, а кој бил член на „Воините на светлината“…
Манекенката веднаш не разбра дека се работи за секта.
„Таа ми рече дека треба да се одделам од луѓето кои не ме сакаат и кои ќе ми наштетат“, се присетила Мишел на зборовите на нејзиниот терапевт.
Сектата ја сврте манекенката и против нејзиниот тогашен сопруг Ерос Рамацоти, што на крајот резултираше со развод. Тие ја убедувале дека пејачката во минатиот живот е римски војник кој ја осиромашил, па морала што поскоро да се оттргне од него. По некое време, Ерос дознал што се случува со неговата сопруга и ѝ поставил ултиматум данаправи избор сектата или него. Таа ја одбрала сектата која влијаела на нивниот живот.
„Така е кога си во секта, се повеќе ти го стегаат обрачот околу вратот додека не ти го исперерат мозокот“, вели Хунзикер, кој поминал речиси шест години во сектата „Воини на светлината“.
Сега и е јасно колку била наивна и колку брзо паднала под влијание на жената Клелија, која се претставувала како терапевтка. Во 2006 година ситуацијата кулминирала.
“Имаше конфликт и љубомора во сектата. Почнаа да ме казнуваат затоа што не функционирав. Ме изолираа. Тоа е како кога на наркоман ќе му се одбие дрога. Бев толку очајна што ја напуштив сектата”, додава Мишел.
Таа сега е среќно мажена со Томас Трусарди, наследник и шеф на модната империја „Трусарди“, со кој има две ќерки.