Селма Блер се бори со неизлечлива болест

Филмската и телевизиска актерка Селма Блер пред неколку месеци ја сподели тажната вест со јавноста дека страда од неизлечлива болест и дека сè потешко се движи.

Ѕвездата на филмот „Сурови намери” по признавањето дека има мултиплекс склероза, за првпат се појави во јавноста на доделувањето на Оскарите оваа година и заблеска во тоалетата на Ралф и Русо, гордо одејќи со бастун.

Неколку дена по доделувањето на филмските награди Селма, во интервју за телевизијата Еј-би-си, рече дека се бори со болест која го напаѓа нервниот систем, коскената срцевина, очните нерви и мускулите. Актерката има проблеми со говорот и моторните функции, и сето она што некогаш ѝ беше лесно да го прави, сега ѝ е многу тешко. Еден од најголемите проблеми ѝ е шминкањето.

Актерката на Инстаграм објави видео во кое покажа како нанесува шминка и воедно им даде совети на оние кои се борат со истите проблеми како и таа. Таа шеговито призна дека луѓето постојано ѝ го тријат лицето бидејќи не ја нанела добро шминката.

„Заболени од мултиплекс склероза, земете голема четка, бронзер и кружни движења. Готово“, рече Селма со насмевка.

Scroll to Top