Селма Блер се расплака, првпат во јавноста со мултипла склероза

Актерката Селма Блер (46) прв пат се појави во јавноста откако во октомври објави дека ѝ е дијагностицирана мултипла склероза. Таа дојде на традиционалната постоскаровска забава на „Венити фер“.

Со гламурозен изглед во фустан на „Ралф и Русо“, Блер се прошета по црвениот тепих со помош на бастун и во еден момент се расплака. Ја придружуваше нејзиниот менаџер Трој Ненкин.

„Тој знаеше дека сакам да стојам гордо и исправено. Требаше да соберам многу сила и храброст за да дојдам тука“, изјави Блер, која претходно откри дека болеста ѝ се одразува врз движењето и рамнотежата.

„Болеста е многу непријатна. На моменти ме фаќа неконтролирана вознемиреност. За да излезам надвор и бидам друштвена тоа бара висока цена. Мозокот ми гори понекогаш и се замрзнувам. Се чувствуваш осамено, иако добиваш голема поддршка“, изјави таа во интервју во јануари.

Scroll to Top