Селма Хаек ми беше прва симпатија, откри Ченинг Тејтум по снимањето секси сцени со актерката во новиот филм

Актерот Ченинг Тејтум и Селма Хајек глумат заедно во филмот „Меџик Мајкс ласт денс“, чија премеира се очекува да се случи на почетокот на идниот месец.

Во интервју за „Варајати“ актерот зборуваше за детали од филмот и рече дека улогата на Максандра Мендоза била создадена за Селма Хајек, како моќна, богата жена која по разводот бара нова животна насока.

„Мислам дека би било шовинистичко да се сними филм за зајакнување на жените без да има жена која ги инспирира другите жени со својот силен карактер“, изјавил Татум.

Ченинг во интервјуто откри дека Хајек му била прва симпатија.

Тој зборувал и за неговата улога како татко, и истакнал дека родителството му помогнало да сфати колку светот е суров за жените.

„Дури кога таа се роди, почна да ме плаши фактот дека светот е опасно место за жените. Кога ќе станеш татко на девојче, сфаќаш колку тие можат да бидат ранливи“, рекол актерот.

Инаку, Ченинг Тејтум ја има ќерката Еверли Тејтум од бракот со Џена Деван.

Scroll to Top