Сем Смит има нов албум

By

Сем Смит објави дека неговиот втор албум „The Thrill of It All“ ќе биде пуштен на 3 ноември, објави Контакт мјузик.

„Јас сум толку возбуден што мојот нов албум конечно ќе стане достапен за фановите на 3. ноември“, напиша тој на Твитер.

Сем Смит неодамна го објави синглот „Too Good at Goodbyes“, кој три недели беше на чело на топ листите.

На прашањето, што навивачите ќе можат да слушнат од неговиот нов албум, Сем рече: „Too Good at Goodbyes“ е меѓу четирите песни во дискот што се посветени на мојата романтична врска. Останатите се посветени на славата и мојот однос со други луѓе“.

25-годишниот пејач се плашел дека луѓето не би сакале да слушнат негови нови песни.

„Ова е мојот најголем страв, рече тој. „Среќен сум што можам да го направам она што сакам, да правам концерти низ целиот свет, но јас не го земам тоа здраво за готово. Јас навистина се плашам дека луѓето нема да сакаат повторно да го слушнат мојот глас. Благодарен сум што продолжуваат да го прават тоа, но по неколку месеци може да се уморат од нив“.

По неговиот деби албум „In the Lonely Hour“, кој излезе во 2014 година, Сем беше номиниран за 6 „Греми“ награди и освои 4 од нив. Тој исто така освои две награди „БРИТ“ и три награди „Билборд“, како и „Оскар“ и „Златен глобус“ за хитот „Writing’s on the Wall“ – тематска песна од филмот „Spectre“, во изведба заедно со Џими Нејпс.

Ќе ви се допадне