Семејството Кардашијан е причина за новата кавга меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит. Актерката се налутила кога дознала дека нејзиниот поранешен сопруг бил на мисата на која говор држел Кање Вест, сопругот на Ким Кардашијан. Сега Џоли не го сака Пит во близина на нејзините деца, пишуваат светските медиуми.
„Анџелина не може да го поднесе кланот Кардашијан. Таа не сака да го види Пит во близина на нејзините деца и му даде ултиматум да избере меѓу нив или семејството Кардишијан“, вели близок пријател на актерката.
На Анџелина не ѝ се допаѓаат политичките ставови на семејството Кардашијан, како и начинот на нивниот живот. Но како што стојат работите, Бред Пит нема намера да го прекине пријателството со раперот и неговата сопруга, објаснува изворот.
„Ми се допаѓа што на светот можев да ги запознаам Кање и неговото семејство. Имам чувство како тие да го променија светот. Ми се допаѓа неговата музика. Тоа чувство во мене е нешто што не можам да го променам“, изјавил Бред Пит во едно од своите неодамнешни интервјуа.