Семејството ме натера да абортирам кога бев тинејџерка: Ума Турман ја откри тајната што ја криела преку 30 години

Холивудската ѕвезда Ума Турман во колумна за весникот „Вашингтон пост“ откри дека абортирала кога била тинејџерка. Таа првпат јавно прозборе за абортусот и вели дека тоа е нејзината најмрачна тајна што ја чувала повеќе од 30 години. Сепак, Ума решила да ја сподели нејзината приказна со фановите и да го критикува новиот закон во Тексас, кој им овозможува на граѓаните да ги тужат докторите кои вршат абортус, но и да го тужат секој друг што ќе ѝ помогне на жената да абортира по шеста недела од бременоста.

Глумицата вели дека и денес се кае за одлуката, но во тоа време била најдобата работа што можела да ја направи, бидејќи била тинејџерка и се чувствувала неспособна да обезбеди стабилен дом за детето.

„Ја почнав актерската кариера на 15 години, работејќи во средина каде што честопати бев единственото дете во собата. Во доцните тинејџерски години, случајно затруднев од многу постар човек. Живеев во Европа, далеку од моето семејство и требаше да почнам нова работа. Долго време се мачев да смислам што да правам. Сакав да го задржам бебето, но како? Побарав совет од семејството и на крајот решивме да абортирам. Оваа одлука и денес ме растажува, но ме доведе до местото каде што сум денес. Знаев дека во тој момент тоа е исправна одлука, но моето срце беше скршено“, пишува таа.

Ума денес има три деца, Маја (23) и Левон (19) од бракот со поранешниот сопруг Итан Хок, и Луна (2) со Арпед Басон. Таа вели дека решила да ја сподели својата приказна со надеж дека ќе им помогне на анливите жени, на кои овој закон влијае директно.

„Тоа беше мојата најмрачна тајна до сега. Имам 51 година и ја споделувам со вас од домот каде што ги израснав моите три деца, кои се моја гордост и радост,“ додава таа.

 

Scroll to Top