Семејството на Халина Хачинс најави нова тужба против Алек Болдвин

Семејството на снимателка Халина Хачинс планира да поднесе нова тужба против Алек Болдвин кој случајно ја застрела и уби со пиштол реквизит на снимањето на филмот Rust во октомври 2021 година.

Родителите и сестрата на Хачинс го ангажираа познатиот и угледен адвокат од Лос Анџелес Глорија Алред. Болдвин минатиот месец го обвинија за убиство од невнимание.

Хачинс почина откако беше застрелан со вистински куршуми на ранч во предградието Санта Фе во Мексико на 21 октомври 2021 година. Во инцидентот го рани и режисерот Џоел Соуза.

Пред десетина дена обвинител во Ново Мексико подигна две обвиненија за ненамерно убиство против глумецот, кој наводно го насочил пиштолот во Хачинс а потоа ја застрела и уби.

Одговорното лице за пиштолот и муницијата на сетот, Ханах Гутиерез Рид, исто така е обвинета по две точки за убиство од невнимание, додека првиот помошен режисер Дејвид Холс призна вина за ненамерна употреба на смртоносно оружје.

Копродуцентот на Болдвин рече дека кажано му е дека пиштолот бил безбеден. Во извештајот на ФБИ стои и дека не можел да пукне, ако не бил повлечен прекидачот. Неговиот адвокат Лука Никас засега нема коментар. Адвокатката Алред рече дека семејството ќе открие повеќе детали за тужбата на медиумска конференција. а адвокатите на Болдвин поднеле барање да се дисквалифицира посебен обвинител во случајот.

Scroll to Top