Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта во изминатот деноноќие активно работеше на одржување на безбедноста во сообраќајот и патниот сообраќај во државата се одвива непречено.
Сите расположливи капацитети и сета механизација е ставена во функција насекаде во Македонија со цел навремено расчистување на снегот.
Укината е забраната за тешки товарни возила на патен правец Ресен -Охрид превој Буково , а укината е и забраната на магистралниот пат А3 на патен правец Делчево-Граничен премин-Делчево. Сообраќајот на овие делници се одвива непречено.Екипите на Македонија пат остануваат на терен и апелираме возачите да го прилагодат управувањето со своите возила согласно условите на патот.
Во прилог доставуваме фотографии од патните правци низ државата.












