Семејството на Шумахер испрати порака до фановите

Веќе 4 години Михаел Шумахер е во тешка здравствена состојба, а неговото семејство не открива детали за тоа дали има некаков напредок и какво е неговото здравје во моментов. Затоа неговите фанови веруваат дека тој можеби никогаш нема да закрепне од повредите заработени при ски-несреќата.

Вчера, сепак, семејството на Михаел испрати порака до фановите, преку менаџерката Сабине Кем, која јавно им се заблагодари за поддршката изминативе години.

„Она што можеме да го кажеме е дека семејството навистина ја цени емпатијата на фановите. Луѓето гледаат и разбираат дека неговата здравствена состојба не е за споделување во јавноста“, пишува во кратката порака што ја испатиле сопругата и двете деца на поранешниот Формула 1 шампион.

Scroll to Top