Шакира им честиташе на Хрватите за сјајниот меч

By

Големата миленичка на љубителите на фудбалот, колумбиската пејачка Шакира, се осврна на финалниот меч од Светското фудбалско првенство во Русија, меѓу Франција и Хрватска.

dobivaj vesti na viber

Пејачката, како и бројни други славни личности, на социјалните мрежи ѝ ја честита победата на Франција, а на хрватската репрезентација неверојатниот успех.

Познато е дека Шакира е голем миленик на фудбалот, а омажена е за фудбалерот на Барселона, Шпанецот Џерард Пике, со кого има две деца, петгодишниот Милан и тригодишниот Сашу. Мечот меѓу Франција и Хрватска го следеа навивачи од цел свет. И и покрај тоа што хрватската репрезентација го освои второто место и го однесе сребрениот медал, многумина сметаат дека тие се вистинските победници на Светското првенство.

Иван Ракитиќ и неговата сопруга, како и нивните две ќерки, се големи обожаватели на Шакира, со која и приватно се дружат како резултат на клупското пријателство меѓу Хрватот и Пике во Барселона.

 

Ќе ви се допадне