Шакира на суд за затајување данок, пејачката одби спогодба со судот

Пејачката Шакира го отфрли договорот за признавање на вината пред обвинителите во случајот за даночна измама во Шпанија од 14,5 милиони евра и набргу ја очекува судење, изјави нејзиниот портпарол.

Пејачката, која продаде повеќе од 80 милиони носачи на звук во светот, отсекогаш ги намирувала сите даночни обврски, се наведува во соопштението. Таа смета дека случајот е целосно кршење на нејзините права.

„Пејачката е целосно убедена во својата невиност и затоа не ја прифаќа спогодбата“, се вели во соопштението.

Условите на предложената спогодба не се откриени. Државното обвинителство во Барселона не одговорило на барањето за коментар.

Шакира е обвинета дека во периодот од 2012 до 2014 година не платила 14,5 милиони евра даночен приход. Ова е период во кој, како што велат адвокатите на Шакира, пејачката воопшто не живеела во Шпанија. 45-годишната пејачка, која многумина ја нарекуваат кралица на латиномузиката, тврди дека се преселила во Барселона во 2015 година. Таму живеела со фудбалерот Жерар Пике, играч на фудбалскиот клуб Барселона. Двојката има две деца, но од неодамна веќе не живеат заедно.

Пејачката вели дека иако нејзиниот адвокатски тим не се согласувал за наводниот долг, таа ги платила тие 17,2 милиони евра што шпанската даночна служба тврдела дека ги должи. Според неа, со години не им должи ништо на даночните власти.

Судот ќе ѝ испрати покана за рочиште и ќе одреди датум за судење.

Scroll to Top