Шлаканица за Хари и Меган од Вилијам и Кејт, кралската двојка претера со луксузирање

By

Британските медиуми пренесуваат дека принцот Вилијам и Кејт Mидлтон им удриле шлаканица на принцот Хари и Меган Маркл на јавна сцена, поради начинот на кој помладиот брат и војвотката од Сасекс ги трошат парите на државните обврзници.

Неодамна Хари и Меган се најдоа на удар на јавноста поради луксузирањето и трошењето на многу пари за патување со приватен авион, додека од друга страна Вилијам и Кејт биле видени во Шкотска каде летале со редовна авионска линија, чиј билет чинел само 70 фунти.

Односите во кралското семејство меѓу Хари и Меган со Вилијам и Кејт се заострени по лавината реакции на британската јавност дека една од брачните двојки троши премногу на луксуз, додека другата води сметка  како треба да се однесува со јавните пари, пишуваат тамошните медиуми.

Британските медиуми пренесуваат дека Хари и Меган им се лути на Вилијам и Кејт, затоа што покрај нив тие прават да изгледаат лошо и го нарушуваат нивниот имиџ.

Хари и Меган одговорија на критиките дека летаат со приватни поскапи авионски летови поради безбедносни причини, додека Вилијам и Кејт се забележани на аеродромот во Шкотска за време на слетувањето на авион со редовна линија. Престолонаследниот Вилијам патувал од Лондон во Абердин, а еден билет го чинел само 70 фунти.

Тамошните медиуми пишуваат дека Вилијам и Кејт биле во посета на Шкотска кај кралицата Елизабета и принцот Филип, во резиденцијата Балморал, каде што одмораат секое лето.

Патниците кои се нашле во истиот авион со Вилијам и Кејт и нивните деца, велат дека останале пријатно изненадени, а велат и дека на кралската двојка не ѝ пречело тоа што ги снимале и фотографирале со мобилните телефони. Како доказ фотографиите брзо се рашириле низ социјалните мрежи.
Ваквиот потег ја подели британската јавност, која смета дека Вилијам и Кејт ова го направиле само за да им напакостат на принцот Хари и Меган, кои остро биле критикувани дека се лускузираат со патувањето со приватни авиони. Јавноста смета дека на тој начин ги оштетуваат даночните обврзници.
Од истата причина Хари и Меган беа цел на критики и од еколошките заедници. Двајцата се бранеа дека тоа го прават поради безбедносни причини, но малкумина им веруваат, пишуваат медиумите.

„Многу се недоследни во изјавите дека поради безбедносни прични летаат со приватен авион. И мајката на Хари, принцезата Дајана, често ги користеше редовните авионски линии за време на своите патувања, а Вилијам и Кејт продолжија да го следат нејзиниот пример“, изјавил за „Дејли мејл“, експертот Роберт Џонсон.

Џонсон веќе подолго време ги следи случувањата во кралското семејство и вели дека потегот на војводата од Кембриџ, Вилијам, кој еден ден ќе седне на тронот, оставил длабок впечаток во јавноста.

„Вилијам му дава одличен пример на својот син Џорџ, кој по него ќе го наследи на тронот“, вели Џонсон.

Џонсон објаснува дека пред да се појави Меган Маркл во животот на принцот Хари, тој заедно со неговиот постар брат Вилијам во повеќе наврати летал во економската класа со редовни авионски линии.

 

Ќе ви се допадне