Шелдон едвај ја прележа короната: Не знаев што ми се случува

Глумецот Џим Парсонс, најпознат по улогата на Шелдон во хумористичната серија „Бубалици“, во интервју со Џими Фелон, откри дека прележал Ковид-19 и дека многу тешко ја поминал болеста. Тој и неговиот сопруг, продуцентот Тод Спивак, заболеле од коронавирусот во март.

„Обајцата го фативме вирусот кон средината на март… Прво не знаевме што е тоа. Мислевме дека се работи за настинка, но сѐ помалку личеше на тоа и на крај го изгубивме чувството за мирис и вкус… Беше многу тешко, мислев дека ќе завршам и во болница, но потоа како да се смири се. Кога имаш Ковид, јадеш сѐ, но не можеш да го вкусиш тоа што го јадеш“, раскажал Џим.

Тој рекол дека во карантинот му било здодевно, па земал интернет-часови по сликање и креативно пишување. Во еден миг, од досада, самиот си ја бојадисал косата руса.

Инаку Парсонс утре ќе го промовира новиот филм, ЛГБТ драмата The Boys in the Band.

Scroll to Top