Актерката Шенон Доерти (49) неодамна соопшти дека ракот се вратил, овој пат во четврти стадиум. Ракот веќе почнал да се проширува и на другите делови од телото.
Ѕвездата на сериите „Беверли Хилс“ и „Волшебнички“ рече дека сака да сними видео во кое ќе се збогува од нејзиното семејство.
Таа рече дека освен видео ќе напише и писма на саканите луѓе кога ќе биде подготвена да го направи тоа, но се надева дека ќе живее барем уште 10 до 15 години.
„Кога ќе бидам подготвена да го направам тоа, ќе знам дека тука е крајот. Засега се чувствувам добро. Тешко е да се збогуваш и да напишеш некому проштално писмо кога чувствуваш дека ќе живееш уште 10 до 15 години“, порача актерката.