Шенон Доерти не се откажува од борбата против ракот и бара чудотворен лек

Холивудската глумица Шенон Доерти, која пред неколку месеци откри дека ѝ се вратил ракот на дојката и дека болеста е во четврта фаза, сега се обидува да се излечи со алтернативна медицина. Магазинот „Нешнал инквајарер“ тврди дека Шенон сега користи природни лекови и оди на акупунктура иако веќе избра фустан во кој сака да биде погребана. Магазинот пишува дека таа се обидува да најде чудотворен лек што ќе ѝ го спаси животот.

Извор близок на актерката открил дека Шенон не се откажувала од традиционалните западни методи на лекување, но дека сè повеќе користи кинеска медицина и растителни лекови бидејќи хемотерапијата не ѝ помага.

„Таа посетува многу специјалисти од областа на алтернативната медицина додека сè уште има сила во нејзиното тело. Оди на акупунктура, пие мешавини од разни необични и лековити растенија, кои наводно го забавуваат растот и ширењето на клетките на ракот”, изјавил извор близок на актерката.

Шенон (49), која се прослави со улогата на Бренда во серијата „Беверли Хилс 90210“, повеќе години се бори со ракот на дојката, а во последните неколку месеци нејзината здравствена состојба се влоши.

„Се плашам од смртта. Избрав фустан за да бидам и тогаш убава“ – Шенон Доерти соочена со болеста

Scroll to Top