Шер откри дека имала три спонтани абортуси за да го искаже гневот кон новиот закон во САД

Откако Врховниот суд го укина правото на абортус на 25 јуни, Шер напиша на Твитер дека не може да го задржи својот гнев. Музичката легенда Шер во објава на Твитер напиша дека како млада, додека била во брак со музичарот Сони Боно, имала три спонтани абортуси.

„Кога бев млада, имав три спонтани абортуси. Првиот кога имав 18 години. Бев сама во нашата куќа. Сони дојде дома, а јас липав и се виткав на подот”, го опишала Шер својот прв спонтан абортус. При вториот спонтан абортус, напишала, врескала од болка, а лекарот веднаш ја испратил на операција.

„Што би се случило со мене денес?“ Шер се прашала на крајот, мислејќи на одлуката на Врховниот суд на САД со која се ограничува правото на жените на абортус.

 

Scroll to Top