Британската пејачка Шерил Кол во едно скорешно интервју за магазинот „Сан“ откри дека му раскинала на 10 години помладиот пејач Лијам Пејн оти кариерата му била поважна од семејството.
„Семејството не му беше најважно. Никогаш не беше дома. Сама се грижев за нашето дете додека тој патуваше по светот и градеше кариера“, рекла Шерил, која две и пол години живееше со пејачот на One Direction. Двојката минатата година во март го доби синот Беар.
Извор близок до 35-годишната Шерил потврдил за „Сан“ дека пејачката од почетокот сама се грижела за синот.
Шерил и Лијам раскинаа во февруари оваа година, но до сега не зборуваа јавно зошто ја прекина врската.